331
„ВМРО-ДПМНЕ да одговори кога конечно ќе кажат на која собраниска комисија сакаат да се зборува, да се разгледува договорот за изградбата на коридорите 8 и 10д“ одговори денеска на новинарско прашање Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Јас верувам по нивната логика дека одолговлекувањето им одговара токму поради тоа што им дава време да продолжат да шират лаги, да шират манипулации но и да нанесат штета и на граѓаните и на државата.
Се надеваме дека конечно ВМРО-ДПМНЕ ќе се вразумат и ќе кажат на која собраниска комисија сакаат да се разгледува договорот за овој стратешки национален инфраструктурен проект којшто е најголем од независноста до сега и дека за брзо ќе го дадат одговорот токму на ова прашање“, истакна Кузеска.