Претседателот, Стево Пендаровски, вели дека му се налутиле од Влада затоа што го критикуваше зголемувањето на функционерските плати за 78 отсто, по одлука донесена од Уставниот суд.
„И тоа во она што не беше јавно, туку во приватна комуникација со првите луѓе на владата. Таа одлука ви кажувам како граѓанин, а не како претседател, не може да се брани. Во време кога имате кризи кога замрзнувате продукти. Разговарав со премиерот и ургирав колку е можно побрзо да се изгласа тој предлог закон“, рече Пендаровски во интервју за Сител, алудирајќи на најавите од Влада со предлог закон да ги намалат коефициентите со кои се пресметува функционерската плата.
На прашање дали ќе има поддршка од СДСМ за нов мандат, Пендаровски рече дека не е сигурен.
„Не знам дали имам поддршка. Важна ми е поддршката од таа коалиција која и во 2014 година ми ја даде поддршката, паметите не само во 2019 година. Но, далеку ми е поважна поддршката од граѓаните. Ако ја немам, нема да размислувам во таа насока, ако ја имам можам да размислувам, се разбира со политичките субјекти кои би ме поддржале“, додаде Пендаровски.