Од „вечна“ претседателка на Здружение на лекари до антиковид пропагандист

by Fokus

Доктор Лилјана Чолакова-Дервишова веќе години наназад редовно се појавува во медиумите, но повеќето ја запознаа за време на страшната пандемија, која го тресе светот и земјата речиси две години.

Таа е прв човек на Здружението на приватни матични лекари, кое брои околу 1.500 лекари, а со кое управува цели 11 години, поточно од 2010 година наваму, на чија функција повторно е реизбрана четири години подоцна, односно во 2014 година.

Самото Здружение за првпат е формирано во далечната 1992 година со почетоците на приватизацијата на здравството, а таа заедно со уште 11 други лекари од повеќе градови во Македонија е еден од неговите основачи. Нејзиниот татко, адвокатот Драган Чолаков е човекот кој прв го напишал Статутот на новоформираното здружение.

Мандатот на претседателот е четири години, но по нејзиниот избор во 2014 година никаде не е наведено дали имало уште еден избор, за кој одлучуваат 35 членови на Управниот одбор на самото Здружение, што значи дека остатокот од матичните лекари како членови воопшто не гласаат.

Сепак, тоа што е малку познато за матичната докторка е дека таа е лекар-специјалист по семејна медицина и е сопственик на приватната амбуланта Саномак во Велес.

Таа низ годините, освен лекарска, гради и политичка кариера, па така одреден период, поточно до лани беше член на Извршниот одбор на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, а од 2018 година наваму, до последните локални избори, беше и советник во Велес од истата партија.

Тоа не се познати работи во јавноста, со оглед на тоа што лекарката цело време се крие зад превезот на белиот мантил и лекарската професија што ја извршува.

Чолакова во ниту еден момент не споменува партија, па тоа што може да се забележи е дека таа никогаш, за разлика од нејзините колеги доктори, не излезе на прес-конференција во белата палата за јавно да ги критикува политиките на актуелната власт.

Секогаш се држи до тоа дека професијата ѝ е во прв план, иако на сите официјални страници на нејзината матична партија може да се забележат и политичките функции што ги има.

Во периодот додека „вмровците“ беа на власт постојано најавуваше протести, но на крај се завршуваше со „успешни“ преговори. За разлика од тогаш, таа во 2018 година ги предводеше лекарите од речиси сите градови пред подрачните единици на Фондот за здравство, како резултат, според нив, на лошите здравствени политики и реформи што ги водат Министерството за здравство и ФЗОМ, кои сега доаѓаа од редовите на СДСМ.

Чолакова-Дервишова во 2014 година добива уште една шанса и повторно е избрана за претседател на Здружението, но во 2018 треба да се одржат редовни избори, за кои никаде не постојат информации дали воопшто се одржале и кога точно била избрана? Засега, таа тера уште еден, трет мандат.

Таа за време на целата ковид пандемија упорно тврди дека се крева преголема паника, а во последниот период во медиумите во неколку наврати ги наброи и здравствените проблеми, како што вели од експерименталните вакцини против ковид, кои ги предизвикале на граѓаните.

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Ирена МУЛАЧКА

Поврзани новости