475
Од вечерва на полноќ престанува да важи забраната за движење низ шумите и шумските појаси. Оваа мерка беше воведена со цел да се превенираат пожари предизвикани од човечки фактор.
Од ЈП „Македонски шуми“ информираат дека засега нема потреба од продолжување на забраната, но посочуваат дека доколку се процени поинаку ќе биде променета одлуката.
Освен оваа забрана, од вечерва престанува и забраната за палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, која исто како и забраната за движење низ шумите, беше воведена на 6 јули.