Веќе втор ден се трага по скопјанецот Богољуб Митов (63), кој вчера излегол од својот дом и му се губи траг.
Како што појаснува неговата ќерка Александра за ,,Фокус”, станува збор за лице со деменција и депресија, и случајот бил пријавен во полиција.
Семејството замолува доколку некој го забележи Богољуб, веднаш да го задржи и да се јави во полиција, или пак кај нив на мобилниот број 078 865 670.
-Насекаде го бараме татко ми од вчера. Во минатото се случи да излезе од дома без да каже каде оди, но го надовме за кратко, истиот ден. Толку долго да го нема, како сега, никогаш не се случило и сите сме вознемирени.
Тој со себе не носи мобилен телефон, по влечки е обуен, облечен во црни тренерки и сив џемпер. Не е насилен, да не се плаши некој доколку го забележи, нека му пријдат, нека го задржат. Тој разговара, контактибилен е. Покрај деменцијата, се бори и со депресија, вели ќерката.
Изчезнатиот скопјанец последно бил забележан во наслебата Ченто.
Вики Клинчарова