403
Нема да има веќе бесплатно поминување на патарината кај Смоквица – Гевгелиско која е целосно изградена, обележана со потребната сигнализација, но и со инсталирана опрема за наплата во готово и со картички, објави 24ТВ.
Според последните информации кои телевизијата ги добила од ЈП „Државни патишта“ , од утре се очекува да отпочне со работа патарината „Смоквица“ каде ќе се наплаќа по 100 денари за патничко возило.
На патарината кај Смоквица ќе има 10 наплатни рампи, пет кон Гевгелија и соседна Грција и исто толку кон Скопје.