628
Фондот за здравство од утре воведува препишување и издавање лекови без хартија преку електронски рецепт за хронична терапија за хроничо болни лица, истакна директорот на Фондот за здравство на денешната прес-конференција.
„Ова значи дека матичниот лекар ќе креира електронски рецепт, а потоа пациентот ќе го подигне директно во аптека – значи нема потреба хронично болните да одат кај матичен лекар за хартиен рецепт. Наместо да губат време за чекање и враќање и одење во аптека и на лекар, хроничната терапија ќе треба само телефонски да ја договорат со матичниот и со документ за лична идентификација да ги подигнат од аптека – изјави Дончев.