Од утре продолжуваат судењата во Граѓанскиот суд

by fokus

Од Граѓанскиот суд информираат дека од утре ќе почнат да се оддржуваат сите закажани судења.

-Одлуката за постапување на судовите во Република Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД – 19, донесена од страна на Судски Совет на Република Северна Македонија е објавена на веб страната на судот. Странките и другите учесници во постапката се должни да ги преземат сите мерки на претпазливост и заштита, согласно мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија и надлежните здравствени органи, во спротивно на истите нема да им се дозволи влез во судската зграда, соопшти Основниот граѓански суд Скопје.

Поврзани новости