Од утре полицискиот час ќе трае само 4 часа, летните тераси ќе работат до 23 часот

by fokus

Почнувајќи од утре, 12 мај 2021 година, на сила се новите мерки кои ги усвои Владата на денешната редовна седница. Поточно, полицискиот час започнува од 24:00 часот, а трае до 04:00 часот наутро наредниот ден.

Исто така Владата одлучи дозволеното време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот.
Сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.

Вежбалните, фитнес центрите и теретаните исто така може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.

Поврзани новости