Од утре поевтинува парното греење

by fokus

Од утре граѓаните ќе плаќаат пониски сметки за парното греење.

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека за корисниците на БЕГ цената ќе поевтини за 3,88 отсто, а тарифата за ангажирана моќност ќе се намали за 0,18 отсто.

Незначително намалување ќе добијат и корисниците на ЕЛЕМ-Енергетика, каде цената ќе се намали за 0,11 отсто, додека услугите на Скопје Север ќе поевтинат за 1,69 отсто.

Поврзани новости