Од утре почнува попишувањето на одредени категории граѓани како вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците. Оваа активност во рамки на Пописот на населението, домаќинствата и становите ќе се спроведе од утре, 1 март до 21 април.
Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, кој вчера заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи, одржа прес-конференција соопшти дека самопопишувањето ќе се одвива преку веб – апликација, која е лесно достапна и ендоставна. Потребно е граѓаните само да се најават со својата имејл адреса. Ќе може да се пристапни само од странство, а безебедноста на личните податоци е осигурана.
Министерството за надворешни работи како одговорно за дијаспората, преку ДКП ќе биде вклучено во информирањето на иселениците и другите наши граѓани во странство за да се попишат онлјан преку веб- страницата на ДЗС. Османи кажа дека ДКП-та ќе бидат логистичка поддршка. На сајтот на МНР веќе има линк за комуникација со телефонски броеви што ќе функционира 24 часа и ќе биде достапен за граѓаните за информации и појаснувања. Според шефот на дипломатијата, веќе се јавуваат граѓани и прашуваат за процедурата.
Податоците при самопопишувањето ќе се запишат според состојбата на ден 31 март 2021 година во 24:00 часот, односно на полноќ, меѓу 31 март и 01 април 2021 година. На веб-страната на МНР се обрајвени и телефонски броеви за контакт за информации за Попис 2021.
Во периодот од 1 до 15 март заедно со Министерството за одбрана ќе бидат попишани лицата што за време на Пописот се наоѓаат во служба на Армијата на Република Северна Македонија, во државата или во странство, заедно со Министерството за правда ќе се изврши попишување на лицата што за време на Пописот се наоѓаат во притвор или на издржување казна затвор во затворите, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови и заедно со Министерството за труд и социјална политика ќе бидат попиани лицата бездомници.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2021 година.