Од утре почнува имунизацијата со „Спутник В“, ќе ја примаат здравствени работници

by fokus

Во поликлиниката Букурешт утре почнува ревакцинацијата со вакцината „Фајзер“. Во поликлиниката „Јане Сандански“ пак ќе се одвива имунизација со вакцината „Спутник В“, информираат за МИА од Министерството за здравство

Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота.

-Поради проширувањето на ковид капацитети и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници коишто се под висок ризик за добивање ковид инфекција, од сите институции во државата, соопшти Министерството за здарвство.

Поврзани новости