Од утре пад на температурите и дожд

by Fokus

Како што најавија од УХМР, утре се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во јужните и источните делови на земјава, а дневните температури ќе забележат пад за повеќе од 10 степени.

Пад на дневните температури за повеќе од 10 степени и пообилни врнежи особено во јужните и источните делови на земјава се очекуваат во текот на утрешниот ден, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Под влијание на влажна и студена воздушна маса во недела и понеделник ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Поврзани новости