Од утре очекуваме ново зголемување на горивата, информира вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.
Според него, рано е да се каже колку ќе биде тоа зголемување, но дека се разгледуваат последните анализи.
-Минатата недела беше мошне лоша, а тргувањата се зголемија. Не знаеме се уште за колку ќе се зголемат горивата. Сето она што се случува на берзите влијае кај нас, појасни Бислимовски.
Претседателот на РКЕ додаде и дека речиси сите земјите од регионот имаат поголема цена на горивата од нас, особено кога се работи за дизелот.
Од 22.2.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат: моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар), моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар), дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар), масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар), мазут М-1 НС 46,921 (денари/килограм).