Од утре нови цени на струјата?

by Fokus

Утре ќе се знае цената која повеќе нема да ја одредува РКЕ туку истата ќе биде пазарно утврдена откако ќе се направат потребните пресметки со други параметри опфатени во процесот на формирање на цената за чинење.

Согласно процедурите кои што постојат има правила за набавка на електрична енергија кои треба да ги применува универзалниот снабдувач а до утре јавноста треба да ја знае и новата цена на струјата. Ценовни шокови не очекуваат ниту првиот човек на регулаторната комисија Марко Бислимовски ниту пак вицепремиерот Кочо Анѓушев.

-Дали цената ќе биде повисока или граѓаните ќе добијат пониски сметки за електрична енергија од август, ќе се знае по отварањето на понудите на тендерот распишан од универзалниот снабдувач со електрична енергија, новоформираната компанија „ЕВН хоум“- рече Бислимовски кој посочи дека се чека да заврши аукцијата која што ја организира новиот универзален снабдувач.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев не очекува цената да поскапи а истакнувајќи дека ЕЛЕМ моментално е профитабилна компанија, тој рече дека во последните две години цената на струјата е стабилна.

-Се воведе евтина тарифа за граѓаните која имаше инпакт осум, односно 11 милиони евра во џебовите на граѓаните а факт е дека ЕЛЕМ стана одлична профитабилна компанија која денеска има акумулирана добивка од 49 милиони евра-истакна вицепремиерот.

Законот за енергетика изминативе два дена во Охрид беше главна тема на дводневна  работилница од која дел покрај претседателот на регулаторна Бислимовски и вицепремиерот Анѓушев беа и Хари Бојд Карпентер, директор за енергетски прашања во Европската Банка за обнова и развој, која ги поддржува енергетските реформи во  Македонија и новинари.

 

Поврзани новости