Од утре завршува мерката со која изминатиот месец над 1100 производи се продаваа по поевтини цени за 10 отсто.
Надлежните се надеваат дека трговците од утре нема да ги покачат цените на основните прехрамбени производи
Од Државниот пазарен инспекторат велат дека постојано се на терен, според нивните проценки трговците ја почитувале новогодишната кошница, во изминатиот период имале само ситни забелешки и по укажување на инспекторите , тие биле отстранети.
По апелите од власта пред нова година трговците самоиницијативно во кошничката додадоа уште 30 до 50 производи и ги намалија цените на зејтинот, јајцата, оризот, шеќерот , месото и месните производи
Властите од почетокот на март најавуваат слични мерки со намалени цени и за Рамазан, а од средината на април и за велигденските празници.