Од утре градскиот превоз во Скопје во две смени

by Fokus

Во прилог се термините на поаѓање (првите и последните, согласно рестрикциите).

Останатиот распоред, во меѓупериодот од првите до последните наведени термини, може да се види на веб страницата на ЈСП Скопје.

Од 7.30 до 17 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.Во истиот период ќе бидат отворени и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.

Услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики кои се дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП Скопје) чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.

Посочениот режим на функционирање на јавниот превоз и работното време на билетарниците и центрите за персонализација, ќе важи во наредниот период, сѐ до новите препораки на надлежните институции.

Поврзани новости