Од утре директна авионска линија од Виена до Охрид

by fokus

На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ утре попладне ќе слета првиот авион на компанијата „Визер“ на новата редовна авионска линија од и кон Виена.

Покрај сезонските, тоа ќе биде третиот директен редовен авионски лет што оперира од охридскиот аеродром, заедно со веќе воспоставените кон Цирих и Базел. Директна авионска линија од Охрид има и кон Лондон, но поради слаб интерес таа е во мирување до 2 април идната година.

Предвидено е на аеродромот првите патници од Виена да ги пречекаат Алпер Ерсој, генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Љупчо Јаневски, директор на Агенција за туризам, како и градоначалниците на Охрид и на Струга Јован Стојаноски и Рамиз Мерко.

Поврзани новости