Од утре блокади низ цела држава против францускиот предлог

by Fokus

Блокади низ целата држава од утре со почетокот во 13 часот, беа најавени вечерва од протестот пред Собранието со кој веќе шести ден се бара отфрлање на францускиот предлог за кревање на бугарското вето и деблокада на македонските евроинтеграции.

На протестот, кој засега се одвива мирно и без инциденти, се бараат оставки од Владата која, како што рекоа учесниците, ја доставила срамната преговарачка рамка до Собранието.

-Нашата последна црвена линија е Уставот, рече Ивица Боцевски, кој се обрати на собирот, порачувајќи им на лидерите на опозициските партии дека тие се последниот бедем на македонскиот народ и  државност, а собраниот народ на протестот ќе биде нивна заштита и ќе ги поддржи да опстојат за да нема никаква промена на Уставот која ќе ги земе предвид бугарските барања.

Протестот почна пред Владата, по што учесниците се упатија пред Министерството за правда и зградата на Собранието, каде доцна попладне Владата ја испрати предлог преговарачката рамка, но седница не е закажана.

Поврзани новости