Од утре армијата се распоредува по болниците

by Fokus

Армијата се очекува од утре да се вклучи во обезбедување на здравствените институции кои тоа ќе го побараат. Ќе се обезбедуваат клиниките во Скопје, поголемите болници во Скопје, како и болниците во Тетово, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес.

-Вчера го донесовме нашето барање како Влада и тоа е испратено до претседателот. Утрово имаше средба и договор на Оперативниот штаб на МВР и АРМ и очекувам во текот на денешниот ден претседателот, како врховен командант, да даде зелено светло и дека практично уште од утре целосно да функционра, најави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска одговорајќи на новинарско прашање по средбата со британската амбасадорка, Рејчел Галовеј.

Појасни дека ваквата заштита ќе функционира исклучиво на барање на здравствените установи и дека тоа не е одлука што ќе ја носи полицијата или армијата, туку ќе биде барање на здравствените институции и одговор на нивното барање.

-Подготвен е список од Министерството за здравство и по иницијатива на секоја од институциите ќе почнеме со распоредување на силите. Ќе бидат опфатени најголемиот дел од клиниките во Скопје и најголемите болници како „8 Септември“ и другите во градов и во поголемите центри, како Тетово, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес. Сите што покажале потреба ќе добијат поддршка, истакна Шекеринска.

Поврзани новости