410
Од три месеци до три години затвор им се заканува на четворицата демонстранти кои беа уапсени завчера на протестот за случајот Мартин Нешкоски. Тие денеска добија осумдневен притвор, откако претходно им беше поднесена кривична пријава за кривичното дело Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие по член 384 ст. 1 од Кривичниот Законик.
„Тој што учествува во толпа што со заедничко дејствување ќе спречи или ќе се обиде да спречи службено лице во вршење на службено дејствие или на ист начин ќе го присили да изврши службено дејствие, ќе се казни со затвор од три месеци до три години, се наведува во став 1 член 384 во Кривичниот Закони.