613
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Како што соопшти УХМР, до средината на следната седмица во попладневните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно.