Од среда доаѓа „пекол“

by Fokus

Многу топло време со температура од 40 степени не очекува од средината на оваа недела.

Од УХМР информираат дека зголемена облачност со локални врнежи и дожд ќе има уште утре, а од среда следува период на многу топло време. Во среда и четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.

Утре максималната температура ќе се движи 24 до 36 степени, во среда од 29 до 37, четврток од 31 до 39 степени, петок од 32 до 40 степени, сабота од 30 до 39 и во недела од 29 до 38 степени.

Поврзани новости