Од среда да се укине полицискиот час, предложи Комисијата за заразни болести

by Fokus

Комисијата за заразни болести утрово на состанок донела одлука да препорача укинување на полицискиот час од среда (16 јуни), информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Укинувањето е предложено бидејќи, вели Филипче, епидемиолошката состојба е стабилна и го дозволува тоа.

Исто така, се предлага и укинување на ограничувањето да има максимум 100 гости на свадби и други прослави.

Комисијата за заразни болести даде зелено светло и за организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1 000 лица.

Овие одлуки беа предложени на Кризниот штаб, кој  ги прифати и ќе ги препорача до Владата за усвојување.

 

 

Поврзани новости