Од социјалните мрежи дознал дека е во комбинација да настапи за Италија против Македонија

by Fokus

Во петок во Рим од 20.45 Италија ја пречекува Македонија во претпоследниот фудбалски натпревар од групната фаза за пласман на ЕП.

Овој натпревар може да е посебен за фудбалерот на Монца – Андера Колпани кој првпат доби повик во националниот тим.

Колпани има солидна сезона во Серија А, а неговите настапи не поминале незабележано од селекторот Лучано Спалети.

Тој открива дека за повикот дознал преку социјалните мрежи.

„За мене е лудо што ќе играм во националниот, тим со шампиони какви што има нашата селекција. На социјалните мрежи видов дека сум повикан. Пред крај бев со тренингот против Торино и го отворив мобилниот да ја видам листата на повикани фудбалери. Така дознав. Но, со оглед на настапите, искрено се надевав дека ќе дојде повикот. Давам се од себе за Монца, голема е емоцијата да се биде дел од Италија, не можам да опишам“ – изјави Колпани.

Инаку, попладнево македонската фудбалска репрезентација од скопскиот аеродром отпатува за Рим каде што за два дена ги чека натпреварот против Италија.

Македонија во натпреварот влегува без резултатски притисок, додека Италија е во битка со Украина за второто место кое води на Европското првенство наредната година.

Поврзани новости