419
Во амбулантата во Шуто Оризари, каде долги години наназад немаше гинеколог, од следната недела ќе почне да работи доктор-гинеколог, со што се обезбедува континуирана гинеколошка здравствена заштита за жените од оваа општина.
Во амбулантата ќе работи д-р Вјолце Мбиара, специјалист гинеколог со долгогодишно работно искуство, која меѓу другото, има работено во американска болница во Албанија.