Александар Тасевски – претседателот на Синдикатот на Контролори за летање на Фејсбук напиша дека денеска околу 15:30 часот се случил инцидент во М-НАВ предизвикан од неидентификувани лица кои биле пуштени да влезат во објектот од обезбедувањето, а кои вербално, но и физички нападнале дел од контролорите бидејќи дале поддршка на протестот и на Синдикатот.
Неофицијално, според информациите, станува збор за лица од скопски Чаир на кои им бил дозволен влез во кругот, а потоа и во објектот, од обезбедувањето кое е приватна фирма.
Неофицијално, групата што упаднала била лута затоа што и контролорите Албанци излегле надвор на прес-конференцијата и му дале поддршка на Тасевски. Еден од контролорите, кој бил на смена, бил удрен со бокс.
Инцидентот бил пријавен во полициска станица во Петровец и полиција е дојдена да врши увид и да прави распит.