Од Северна Македонија очекувам 12 поени, вели црногорската претставничка на Евровизија

by fokus

Младата Владана Вучиниќ со песната „Breathe“ ќе ја претставува Црна Гора на Евровизија во Италија. За песната е снимен спот, а Владана заедно со Дарко Димитров, кој е коавтор и аранжер на „Breathe“ се дружеше со медиумите во ресторан во Подгорица, каде одговараше на новинарските прашања.

Таа раскажа дека песната е создадена во еден период кој бил доста тежок за неа. Ја изгубила мајка и, и раскажа дека тоа не е песна за корона вирусот, туку за сите оние кои изгубиле драги личности за време на пандемијата.

-Јас знам дека на сите им е доста од ова, но некако во последните месеци гледаме на изгубените животи како на бројки, а тоа се луѓе кои можеле да живеат уште многу години.

Оваа песна е почит кон сите оние кои го изгубија својот живот и кон нивните семејства, да не ги заборавиме – порача таа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За Дарко Димитров, раскажа дека цел живот сакала да соработуваат, бидејќи тој е Македонец, а и нејзината мајка била од Македонија.

-Јас сум пола Македонка, сакав да ги поврземе тие работи, нешто македонско да биде вплетено во приказната. Дарко има евровизиско искуство, мислев дека тој може музички да ја обликува мојата порака така како што сакав – изјави Владана.

На новинарското прашање од кого очекува 12 поени, таа низ смеа рече –Од Северна Македонија!

Видео записот за песната ќе биде претставен и во склоп на ковид кампањата во Црна Гора, и бил поддржан од тамошното Министерство за здравство и од Светската здравствена организација во Црна Гора.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

-Текстот ме погоди, баш е за Евровизија и има животна приказна во која можеме да се препознаеме. Сите ние во ова време на корона изгубивме некого. Владана е посебна, има свој печат, специфичен изглед и глас – истакна Димитров за време на средбата со медиумите.

Вики Клинчарова

Поврзани новости