Од септември вработените во образование ќе добијат покачување од пет отсто

by fokus

Владата во рамките на 150-тата седница, денеска ја разгледа и усвои информацијата за зголемување на платите во основното, средното и високото образование за пет проценти почнувајќи од исплата за септември 2019 година и го задолжи министерот за образование и наука Арбер Адеми да ги потпише Спогодбите со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) за реализација на предвиденото покачување на платите.

Со одлуката, како што информираат од владината прес-служва, Владата дополнително го задолжува министерот за образование и наука да изготви решение за новите коефициенти за покачување на платите и кај јавните високообразовни установи и јавни научни институти за пет проценти, почнувајќи од исплата на платата за месец септември 2019 година.

Владата, на предлог на Министерството за образование и наука, на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата и даде позитивно мислење за основање на ново општинско основно училиште „Киро Глигоров“ во Општина Центар.

Новото општинско основно училиште „Киро Глигоров“ првите генерации ученици ќе ги прими во текот на претстојната учебна 2019/2020 година

Поврзани новости