Средношколците со попреченост од септември ќе добијат образовни асистенти, а во моментов, доколку има сериозна потреба и непополнето место за образовен асистент Министерството за образование и наука, ќе се потруди да обезбеди и за овие ученици.
Законот за средно образование, кој вчера поминал на Влада и ќе оди во собраниска процедура, предвидува образовни асистенти и во средните училишта.
-Претходниот закон не предвидуваше образовни асистенти во средните училишта. Овој закон предвидува образовни асистенти и во средните училишта. Тоа што е сигурно е дека тие од септември оваа година, ќе имаат образовни асистенти, а во моментов, доколку има сериозна потреба и непополнето место за образовен асистент, ќе се потрудиме да обезбедиме и за овие ученици – одговори Јаневска одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.