Од септември до денес уапсени 479 лица барани со потерница

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил соопшти дека во изминатиот период лишено од слобода е 251 лице, а од септември 2020 година досега уапсени се 479 лица барани по централни и меѓународни потерници.

Тој потсетува и дека пред десетина дена беше уапсено лица кое се криело 17 години.

-Во изминатиот период 251 лице лишено од слобода, а досега од септември 2020 година 479 лица се уапсени барани по централни и меѓународни потерници, од кои 50 тина лица се топ приоритет на МВР и на државата или се бараат повеќе години. Пред 10 тина дена имаше апсење на лице кое се криело 17 години, заслужува и внимание и признание оперативната група, наведува Спасовски.

Поврзани новости