Од Сава кај Белград извадено уште едно тело во распаѓање!

by Fokus

Тело на непознато лице извадено е денеска од реката Сава во делот познат како Јоцина ада во близина на Белград.

Според информациите во српските медиуми, засега се уште не е познато дали се работи за маж или за жена.

-Телото е во поодмината фаза на распаѓање. Го забележале граѓани кои веднаш ја алармирале полицијата. По контатацијата на смртта, телото е испратено на Институтот за судска медицина, соопштија официјалните лица.

Ова е втор леш што е пронајден денеска во Белград. Првото тело е откриено на Бановo брдо покрај трим патеката и исто така било во поодмината фаза на распаѓање.

Поврзани новости