124
Синоќа во Белград, во реката Сава, се случи несреќа кога се судриле товарен брод и чамец со три лица, кои паднале во водата.
Лицето кое било во чамецот и испливало на брегот, В.М.(42) изјавил дека на чамецот била неговата сопруга Ј.М.(43) и нивниот кум С.Р.(42).
Женското тело од страна на службите за итна помош е извлечено во 2 часот и 50 минути во близина на шеталиштето Сава, додека третото лице се уште се води како исчезнато, пишуваат српските медиуми.