Јапонски воен хеликоптер со 10 лица исчезна денеска во водите во јужниот дел на префектурата Окинава, соопшти крајбрежната стража.
Повеќенаменски хеликоптер UH-60 на Јапонските копнени сили за самоодбрана (GSDF) исчезна од радарот околу 16:40 часот, на околу 18 километри северозападно од аеродромот на островот Мијако во префектурата Окинава, соопшти крајбрежната стража, пренесе Кјодо.
Крајбрежната стража испрати четири патролни чамци во блиските води за да го бараат хеликоптерот.
Патролните чамци ги опишаа временските услови како умерени кога пристигнале.
Хеликоптерот бил сместен во кампот на ГСДФ Такаиубару во префектурата Кумамото во југозападна Јапонија и бил ангажиран во активности за надзор, изјави извор од Министерството за одбрана.
Во хеликоптерот имало двајца пилоти, двајца механичари и шест членови на екипажот, од кои сите се припадници на силите за самоодбрана, соопшти ГСДФ.