Од први јануари единствени работни дозволи меѓу „Отворен Балкан“?

by fokus

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ утрово изјави дека договорот за единствените работни дозволи меѓу земјите во рамките на иницијативата Отворен Балкан најверојатно ќе почне да се применува од 1 јануари идната година и дека останува да се завршат само некои технички прашања.

Тој за РТС од Тирана изјави дека затоа денеска ќе се донесат одлуки за поврзување на електронски и други системи.

Запрашан што е направено и колку се променило од претходната средба на Отворен Балкан во Белград во ноември, Вучиќ кажа дека многу се променило и оти сите тимови донеле одлуки брзо и ефикасно.

-Синоќа разговаравме и со господинот (Димитар) Ковачевски, кој треба да биде нов премиер на Северна Македонија и тој е посветен целосно за отворен Балкан и ќе продолжиме тоа да го работиме. Ова го правиме со многу верба и енергија, бидејќи знаеме дека така ќе им олесниме на нашите граѓани, кажа Вучиќ.

Тој изјави дека синоќа разговарале со некои албански бизнисмени кои сакаат да инвестираат пари во Србија и да отворат рибни ресторани во Србија.

-Луѓето се многу среќни што можат да учествуваат во тоа, кажа Вучиќ, додавајќи дека голем број српски бизнисмени се заинтересирани за албанскиот пазар и инвестиции.

Поврзани новости