Големата сала во црквата ,,Свети Климент Охридски” во Торонто, Канада, беше претесна да ги собере нашите иселеници кои за време на викендот дојдоа на настапот на фолк пејачката Сузана Гавазова. Таа имаше два концерти, а како што раскажуваат нашинците, се барало влезница повеќе, бидејќи Гавазова им дошла по подолга пауза, поради корона вирусот.
Видео снимки од расположените гости, додека Сузана им пее од партиотски песни, па се до нејзините новокомпонирани песни, како ,,Бум, бум” се објавуваат на социјалните мрежи.
Од вртење на оро, до чочеци, но и лепење на бакшиш, е дел од веселата атмосфера на нашата дијаспора.
Гавазова е во Канада заедно со својот сопруг Јасмин. Пред три месеци таа исто така имаше турнеја во Америка, а со неа беа сопругот и двете ќерки.
Пред пандемијата беше честа гостинка и во Австралија, Германија, Швајцарија, Холандија… и важи за една од најбараните фолк пејачки помеѓу иселениците.
Вики Клинчарова