Од понеделник ќе може да се вакцинираат и децата од 12 до 16 години

by fokus

Од понеделник против корона вирус ќе може да се вакцинираат и децата од 12 до 16 години, најави министерот за здравство, Венко Филипче.

Децата ќе се вакцинираат само со вакцината на „Фајзер“, а имунизацијата нема да биде задолжителна, туку родителите со своите деца ќе може да се појават на пунктовите доброволно.

-Од понеделник ќе почне теренската вакцинација, но ќе се дозволи и вакцинација на деца од 12 до 16 години со вакцината на „Фајзер“, која во овој момент е единствена вакцина која е дозволено да се користи согласно препораките во внатрешното упатство за оваа категорија на деца, објасни Филипче.

Според министерот, нема да има потреба да се закажува термин за вакцинација, единствено потребно е родителите да искомуницираат со медицинските лица на пунктовите, а таму за консултација ќе има и педијатри.

За разлика од децата, сите останати граѓани може да се вакцинираат со која и да е вакцина што им е на располагање. За теренската имунизација ќе се користи вакцината на „Синовак“ бидејќи таа нема потреба да се раствора.

Поврзани новости