Од понеделник пратениците се враќаат на работа во Собранието

by Fokus

Пратениците во понеделник се враќаат на работа во Собранието на Македонија, речиси на месец и половина пред локалните избори.

Во понеделник, според најавите од координаторите на пратеничките групи, се очекува тие да имаат средба на претседателот на Собранието Талат Џафери и потпретседателите по што ќе се знае како ќе тече работната недела на пратениците.

Имајќи ги предвид изборите, дел од пратениците, веруваат дека активностите ќе бидат намалени и оти дискусиите следниот месец ќе бидат во контекст на локалните избори.

Поврзани новости