690
Од понеделник, 22 јуни започнуваат со работа хотелите, одлучи Владата која на седница го донесе Протоколот за работа на угостителски објекти за сместување, хотели и други угостителски објекти за сместување.
– Протоколот ги уредува процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, потоа препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми на Ковид-19.
Владата денеска го утврди и го донесе Протоколот за работа на базените за пливачките клубови во земјава, кој утврдува дека базените се отвораат само за членови на пливачките клубови, а не и за рекреативно пливање.