Од понеделник почнува вакцинацијата на медиумските работници

by fokus

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во координација со Министерството за здравство, минатата недела спроведоа акција за пријавување на новинари и медиумски работници за вакцинација против Ковид-19.

На повикот на ЗНМ и ССНМ се пријавиле вкупно 758 лица од кои 631 ги исполнуваат условите за првата фаза во поглед на возрасната граница, хронична болест, односно активни новинари и медиумски работници. Овие лица, во најбрзо време треба бидат контактирани од страна на претставници на здравствените власти и ќе бидат известени за точен термин за вакцинација која ќе започне од понеделник во спортската сала А1 Арена, Борис Трајковски во Скопје.

Останатите 127 пријавени лица кои претежно беа помлади од 40 години или беа дел од административните служби или служби за одржување во медиумите ќе бидат земени во предвид во вториот круг на имунизација на медиумски работници, кој е предвиден да се реализира веднаш по пристигнувањето на следната пратка на вакцини што се очекува во следните неколку недели.

На овој повик, одговорија новинари и медиумски работници од вкупно 110 традиционални и онлајн медиуми од целата држава.

Во втората фаза ќе може да се пријават и сите останати новинари и медиумски работници, како и вработени во медиуми за да бидат вклучени во процесот на имунизација.

 

Поврзани новости