609
Вакцинирањето на деца од 12 до 17 години во земјава ќе започне во понеделник и ќе се врши во постојни вакцинални пунктови, а досега пријавени се 1 789.
Најголем број од пријавените деца се за вакцинација во Скопје. Односно, во поликлиниката во „Букурешт“ пријавени се 402, во „Јане Сандански“ 287, во „Чаир 110 и во „Бит Пазар“ 5.
По Скопје, втор град со најмногу пријавени деца за вакцинација е Битола 123, потоа Тетово 112, па Куманово 88, Охрид 84, Велес 79, Прилеп 67, Кавадарци 54, Гостивар 53, Струмица 47, Гевгелија 46, Штип 45, Струга 31, Кичево 30, Неготино 20, Ресен 19, Кочани 17, Вевчани 13, во Берово 11.