873
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од полноќ поевтинува мазутот, а цените на бензините и дизелот остануваат исти
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,362 денар/килограм и сега ќе изнесува 53,159 ден/кг.
Од 19.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 53,159 (денари/килограм)