При последната промена минатата недела, бензинот Еуросупер БС-95 и Еуродизел (Д-Е V) поевтини за половина денар, Еуросупер БС-98 за денар, а Екстра лесното масло за домаќинство 1,5 денари.
Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 65,50 денари, а 67,50 денари на Еуросупер БС-98. Литар дизел се продава за 57,50 денари, е екстра лесното масло за домаќинство по 46 денари за литар.
За 2,028 денари по килограм се намали цената на маузтот М-1 НЦ и килограм од тој енергенс чини 32,894 денари.
Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 2,41 процент.
РКЕ ја утврдува новата цена на горивата врз основа на цената нанафтените деривати на светските пазари и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.
Очекуваме дали и оваа недела ќе имаме намалување на цените.