434
Од ноќеска на полноќ 24 часа ќе биде во прекин сообраќајот на граничниот премин Меџитлија поради штрајк на грчките цариници. Додека на граничниот премин Стар Дојран прекинот ќе биде од 5 часот утре до 5 часот на 31 мај, а на ГП Богородица од 7 часот утре до 7 часот наредниот ден.
Како што соопшти МВР, грчките полициски служби известиле дека поради најавениот штрајк на грчките царински работници во текот на утрешниот ден сообраќајот на граничните премини со оваа соседна земја ќе биде во застој.
На грчкиот дел од премините ќе биде во прекин целокупниот сообраќај за патнички и товарни возила, како и автобуси, а ќе бидат пропуштени патнички возила само во одредени исклучителни, односно итни случаи.