215
Локалните власти во Појасот Газа соопштуваат дека бројот на загинати во палестинската енклава од 7 октомври годинава е 14.854, а повредени се околу 36.000, јави ДПА.
Според информациите, најголем дел од жртвите се деца, млади и жени, а податоците не можат да бидат потврдени од независен извор.
Повеќе од 1.200 луѓе, меѓу кои околу 850 цивили, беа убиени во нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври.
Над 200 луѓе, меѓу кои и странци, беа земени како заложници и однесени во Појасот Газа.