430
На 93-годишна возраст, почина поранешниот претседател на Грција Христос Сарѕетакис, кој беше на функција во периодот од 1985 до 1990 година, јави дописничката на МИА од Атина.
Сарѕетакис веќе два месеци беше хоспитализиран со пневмонија на интензивна нега во атинска болница, каде што утрово ја загуби битката.
По професија беше судија, а во 1985 година ПАСОК го предложи за претседател на државата.
По завршувањето на петгодишниот претседателски мандат, Сарѕетакис во голема мера се повлече од јавниот живот во Грција.