Oд петок се отвораат границите без тестови и изолација, а аеродромите од 1 јули

by Frosina Fakova

Од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворани сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПСР-тестови и без упатување во домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин, објави премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук.

Премиерот напиша и дека Владата денеска донела Одлука од 1 јули, да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

-Согласно овие одлуки, Владата денеска донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни, соопшти премиерот на фејсбук-профилот.

 

Поврзани новости