689
Бугарија од 1 април нема да биде во состојба на вонредна епидемија и ќе се укинат воведените антиепидемиски мерки во таа држава. Тоа на брифинг го соопшти министерката за здравство на Бугарија, Асена Сербезова. Од тој датум се укинува носењето заштитни маски во затворени објекти.
„Во Бугарија, по серија мерки за олабавување, време е да се направи следниот чекор кон животот каков што го знаевме пред март 2020 година. Многу земји веќе го направија тоа“, изјави таа.
Сербезова потсети дека многу луѓе ја загубија битката со Ковид-19 и враќањето во нормала е релативно.