Од пациентите со Ковид-19, 42-ца се во потешка здравствена состојба

by fokus

Во изминатите 24 часа на клиниките биле хоспитализирани нови 23 пациенти, заболени од корона вирусот.

Па така, на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 нови пациенти, а во ГОБ “8 Септември” биле примени нови 14 пациенти.

-На Инфективната клиника вкупно хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 27 се потешко болни и на кислородна поддршка. До утрово, во ГОБ „8 Септември“  има вкупно хоспитализирани 41 пациент. На респираторна машина се 8, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти, велат од Министерството за здравство.

Податоците покажуваат дека во  потешка здравствена состојба во овие две болници се 42-ца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 30 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Поврзани новости