480
Вчера околу 22.00 часот лице со инциијали Д.П. во Полициската станица Карпош пријавило дека додека се движел со патничко возило „Киа Спортаж“ по бул. Октомвриска револуција, од паркингот на хотел непознато лице пукало кон неговото возило, по што со друго возило побегнало во непознат правец, соопшти МВР.
Притоа, Д.П. не бил повреден, но причинета е материјална штета на неговото возило.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.